Мециновиќ: Западот се однесува со Македонија како со потчинети
Левица ќе води поинтелигентна надворешна политика, Македонија ќе добие алтернатива, изјави портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс.
Портпаролот на Левица нагласи дека геополитичките околности во светот забрзано се менуваат, додека Западот константно се однесува со Македонија, како со потчинета земја.
„Левица ќе води поинтелигентна политика, геополитичката ситуација во светот се менува. Додека Западот се однесува со нас како со потчинети, Кина води пријателска политика со земјите со кои соработува. БРИКС има поинаква политика, така што со Левица на власт Македонија ќе добие алтернатива, вели Мециновиќ“.
Левица е единствената парламентарна политичка партија во државава, која се залага за вклопување на Македонија во мултиполарниот свет и смета дека Западот не е единствена опција.