АктуелноЛокално

Со измените на Кривичниот законик на Мерко му застаруваат 15 истраги за корупција!

Со скандалозната измена на Кривичниот законик, кој СДС го протна со шверцување на европско знаме, најкорумпираниот градоначалник од ДУИ се спасува од ДУРИ 15 истраги за корупција! Иако против Мерко се водат 30 кривични истраги, ниту една истрага нема судска разрешница.

Иако Мерко е осомничен за дела кои достигаат до 25 години затвор, вечниот градоначалник на Струга кој најпрво беше во коалиција со ДПМНЕ, па после со СДС; очигледно е заштитен од секоја власт. За силната корупција која владее во амнестираната ДУИ, говори фактот што токму сопартиецот Џељал Барјами од ДУИ бил надлежен да ја контролира работата на Јавното обвинителство во Струга, каде се воделе неуспешни истраги против Мерко.

Ова уште еднаш потврдува дека секоја сфера во општеството со која раководи ДУИ е руинирана од криминили и корупција. Иронијата е голема кога оваа партија која почива врз криминал и корупција се самопрогласува за проевропска партија!

Неспособноста и лицемерието на СДС најдобро се гледа во случајот со Рамиз Мерко – токму Заев водеше агресивна кампања против ДУИ кој мора да одат во опозиција, како најкорумпиран елемент на политичката сцена. Сега сведочиме дека токму пробугарската СДС го амнестира Мерко, кој и САД го стави на црна листа!

Очигледно е дека единствена вредност на “проевропскиот фронт” на криминалните СДС и ДУИ е шверцот со европско знаменце. Тоа се докажа и со последната амнестија во брза постапка, која наиде на критика и од европските институции.