15ти Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“ во Крива Паланка
Актерката Билјана Драгичевиќ Пројковска е годинашен лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“ – награда за особен придонес во македонскиот театар и култура – што по 15. пат ќе се одржи од 28 септември до 7 октомври во Крива Паланка.
На јубилејниот фестивал, кој што традиционално е ревијален и нема натпреварувачки карактер, ќе настапат девет театри од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија.
Фестивалот ќе биде отворен со пригодна свеченост при што на актерка Билјана Драгичевиќ Пројковска ќе и биде врачена наградата по што ќе следува, на првата фестивалска вечер, претставата „За нас почнува живот“, работена по текст на Ѓерѓ Шпиро а во режија на Дејан Пројковски со лауреатката Билјана Драгичевиќ Пројковска и Нино Леви.
Непосредно пред почетокот на свеченоста ќе биде отворена изложба на театарските плакати на Фестивалот од авторот Стојанче Величковски.
Втората фестивалска вечер ќе биде изведена преставата на Народниот театар „Стерија“ од Вршац, Србија, „Откачено запросување“ од Зоран Божовиќ во режија на Петар Пјер Рајковиќ со актерите Милош Ѓуровиќ, Јована Андреевиќ-Грујиќ, Соња Радосавњивиќ и Срѓан Радосављевиќ.
На 1 октомври ќе настапи Уметничката работилница „Призор“ од Белград, Србија со мјузиклот „Весели девојки“ во режија на Раде Вукотиќ со Маја Брукнер, Светлана Сретеновиќ, Зорана Павиќ, Тијана Дапчевиќ и Ивана Петерс.
На 2 октомври Драган Тешиќ од Драфт театарот ќе ја изведе монодрамата „Со кого и со што во ЕУ“, а на 3 октомври ќе се претстави градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ – Винковци, Хрватска со „Три и пол сестри“ од Петра Цицвариќ во режија на Пеѓа Гвоздиќ со Матеа Марушиќ, Мартина Стјепановиќ, Ловорка Трдин и Петра Цицвариќ.
Претставата „Ноќ во куќата на господин Колак“ , по текст на Владимир Ѓурѓевиќ во режија Ирфан Менсур, на Југоарт продукција, од Белград, Србија со Слободан Бодо Нинковиќ, Ирфан Менсур и Владимир Керкез ќе биде прикажана на 4 октомври.
На 5 октомври Народниот театар од Лесковац, Србија ќе настапи со „Чекајќи го докторот“ во режија на Синиша Ефтимов со Петар Смиљковиќ, Тања Крчмарик, Филип Радивојевиќ, Сузана Грујиќ, Иван Јанковиќ, Петра Димитријевиќ и Наташа Пејиќ.
Народниот театар од Штип ќе ја изведе преставата „Власт“ од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорѓи Ризевски на 6 октомври со актерите Ефтим Трајчов Ѓаурски, Милорад Ангелов, Никола Милошевски, Елена Шорова Дербов, Марко Трајковиќ, Ава Хусеини, Миланчо Ѓеоргиев и Стефанија Митовска.
Фестивалот ќе заврши со настап на Театар Комедија од Скопје на 7 октомври со претставата „Анатомија на неверството“ од Валентин Красногоров во режија на Александра Кардалевска со актерите Жаклина Петровска и Тони Денковски.
По повод петнаесетгодишниот јубилеј на актерот и режисер Владо Денчов ќе му биде врачена специјална повелба „Свети Јоаким Осоговски “ за придонес во аудиовизуелните уметности и медиум