АктуелноЛокално

(Видео) Апсете го кабелот

Протестот денес започна пред Влада и продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде се побара ОДГОВОРНОСТ за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.

Протестантите и денес беа креативни во своите пораки кон надлежните институции и како главна парола се довикуваше „Апсете го кабелот‘‘.

Протестите ќе продолжат и следниот понеделник каде повторно протестантите ќе бараат правда за жртвите.

Линк до видеото: https://www.facebook.com/watch/?v=297002079729007