Богевски: Довербата во здравството ќе се врати тогаш кога ќе одговараат оние кои ја нарушија

– Фејсбук статус на Круме Богевски – Координатор на Левица – Здравствен сектор

Довербата во здравството ќе се врати тогаш кога ќе одговараат оние кои ја нарушија. Затоа и апелирам до здравствените работници, верувам дека сите сме во оваа професија заради тоа што чувствуваме потреба да помагаме, да ги увериме сограѓаните дека има некој кој постојано мисли на нивната благосостојба!

Иако повеќето сме такви, има луѓе меѓу фелата кои мислат единствено на профит, мислејќи дека во државава влијае безредие до тој степен што нема да одговараат за било какво зло!

Излезете на протест, повикајте ги колегите, да направиме да одговараат оние кои ја дискредитираат здравствената професионалност!

Секој понеделник, во 18 часот, пред Влада!