АктуелноЛокално

Еве кои производи ќе поевтинат од утре

Министерот за економија Крешник Бектеши ги објави групите на 25 производи кои поевтинуваат со „гарантирана цена“ од утре, односно со објавувањето на одлуката донесена на денешната владина седница во Службен весник.

Станува збор за следните производи кои треба да поевтинат за 10 отсто во однос на цените кои важеле за нив во маркетите на 1 август.

1. ориз бел, во пакување од 900 д. до 1kg;
2. брашно пченично тип 400 и тип 500;
3. бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 д. (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4. Други пекарски производи;
5. бисквити “Petit Beure” и бисквити обични и посни од 300 до 500 д.;
6. наполитанки, со фил од какао крем, (обични, непрелиани) од 300 до 500 д.;
7. тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 д.;
8. јунешко месо без коски од бут или некој друг дел;
9. свинско месо без коски од бут или некој друг дел;
10. мелено месо свинско и јунешко;
11. пиле свежо или замрзнато (цело) ;
12. пилешки стек свеж или замрзнат;

13. мелено месо свинско и јунешко;
14. Чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување ;

15. Пилешка посебна салама (без слајс пакување) ;
16. паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 гр. ;
17. трајно кравјо млеко (без органско и со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% од 1л. ;
18. јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2% во пакување од 1 л и 1,5 л. ;

19. кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500 гр. ;
20. павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 гр. ;

21. традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци) ;

22. традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
23. свежи јајца од кокошка;
24. свежо овошје;
25. свеж зеленчук.

Владата со забраната на продажба на производи по акциски и промотивни цени во маркетите, ја зголеми загриженоста кај оние граѓани кои редовно набавуваат артикли на попуст.

И покрај тоа што министерот за економија најави корекција на оваа мерка, која беше донесена со намера да бидат спечени злоупотреби и манипулации со акциските цени, граѓани се жалат дека тоа може да влијае врз нивниот буџет.