Членови на УМС спремале физички напад на Марио Јанески – Претседател на Црвена Младина
- Во Фејсбук статус, Марио Јанески – Претседател на Црвена Младина, сподели порака стигната до него, за разговор помеѓу членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во која се договора „ќотек“ за Јанески. Една од причините за заканате е активностите на младинската организација на Левица, која има огоромен допринос во поддршката на младите кон оваа партија.
Деновиве ја добив пораката од наши свиркачи од УМС. Мажињата спремале физички напад врз мене божем за да ме заплашат а иницијатор бил некојси Борис Шамбевски. Од секогаш знаев дека таму има „храбри” мажиња со „големи мадиња”. Во Битола жаргонски ваквите лиглиња ги викаме шанкуриња.
Епа слушнете ме ваму шанкуриња едни. Јас и други членови на Црвена Младина два пати бевме во Чаир на сред бел ден во рок од еден месец без око да ни трепни, затоа што кога се работи за кауза нема калкулации и компромиси, па дали мислите дека ќе се исплашиме од вас, собрани размазени синчиња на бивши функционери и бизнисмени? Знам дека цел извршен комитет да се соберете немате храброст колку за 2-ца членови на Црвена Младина, па ете наместо да одите да се прошетате низ Чаир вие сте спремале „ќотеќ” за мене..
Да ви олеснам… Живеам во Скопје на ул. Даме Груев. Излегувам од станот секое утро околу 09:00 и се враќам околу 15:00… И не ми праќајте улични гангстери. Дојдете лично вие, сите наеднаш или еден по еден.
И да ве потсетам дека времињата на Грујо и Мијалков се минато, не сонувајте за тие времиња кога ви се плашеа сите…За каузата ние сме спремни ако треба и да изгинеме, а не па еден „ЌОТЕЌ” да јадеме.