АктуелноЛокално

ФК Брегалница – Делчево нема повеќе да настапува и тоа за 100 годишнината од своето постоење

  • Реакција на ЛО Левица Делчево

ФК Брегалница повеќе нема да може да настапува за Трета Лига Исток и тоа за 100 годишнината од своето постоење.

Клубот низ историјата постигнал врвни резултати успевајки да го одржи своето постоење и да игра од прва до трета лига наизменично, меѓутоа во ниту еден момент не престанал да опстојува во овие 100 години.

Многу генерации и многу приказни поминале низ годините и истите носат свои спомени кои се прераскажуваат меѓу жителите на Делчево. ФК Брегалница е дел од постоењето на градот Делчево, а моменталната состојба на клубот е разочарувачка и болна.

Имено, клубот е во сопственост на поединци кои со донации од општината и нешто спонзори до сега успеваа некако да го одржат.

Општината одвои средства за поддршка но истите не се уплатени.Ова се случува поради тоа што клубот е во сопственост на поединци и истите имаат моќ да одлучуваат за неговата иднина.

ЛО Левица Делчево бара итно клубот да се врати во рацете на Општината бидејки истиот е дел од жителите на градот и за неговата иднина треба да одлучува Општината која буџетот го храни од џепот на граѓаните.

Истовремено бараме буџетот за ФК Брегалница од следната година двојно да се зголеми во интерес на фудбалерите бидејки тие се најзаслужни за неговите сегашни и идни успеси.

ЛО Левица Делчево ќе достави иницијатива до Општината и градоначалникот да најдат дополнителни средства да го одржат постоењето на клубот и за истиот да се отпочне итна постапка за враќање на сопственоста на клубот во рацете на Општината.

Истовремено бараме сите политички партии да се одважат и да ја поддржат иницијативата бидејки сите советници се должни да го штитат интересот на граѓаните истовремено и за фудбалскиот клуб кој што е дел од историјата на градот.