Мултимедијална промоција на ‘Театар на сенки’ од Емељ Туна во Градска Библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје

Во понеделник, 18 септември со почеток од 19 часот во Парк на поезијата ќе се одржи мултимедијалната промоција е составена од перформанс на трупата „Наш мал театар“ работен според стиховите на Туна, промотивна реч на Владимир Мартиновски и интерпретација на стихови од страна на Биљана Стојановска.
Збирката „Театар на сенки“од Емељ Туна содржи 41 песни, на околу 50 страни.

Песните се поделени во две посебни, но сепак поврзани целини: „Театар“ во кој има 20 песни и „Сенки“ во кој се сместени 21 песна. „Театар на сенки“ е насловната песна која ја отвора завесата на овој театар во кој детските приказни се вртат во парички од лутина и среќа и паричката се губи во прашината на градовите и касабите што ни се отвораат пред очите. Во овие градови авторот и читателот заедно се соочуваат со себе си и своето „ЈАС“, од кое се ослободуваат дури летаат до небесните ниви разбранувани ама и дури стиховите се рацете што ги придржуваат за веќе да не се плашат од падови – се вели во описот на книгата, која е во издание на ИК Восток од Битола.Промоцијата на поетската збирка „Театар на сенки“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е дел од богатата понуда на Град Скопје – кандидат за европска престолнина на културата за 2028 година