Ванкковска: Левица е опсесија на ДПМНЕ кое не се бори против СДСМ и ДУИ
По отпочнувањето на протестите Против убиствата на Онкологија и срамните измени во Кривичниот законик, согласно кои драстично се намалуваат казните за организираниот криминал кој најмногу ги таргетира актуелните и бившите функционери, изгласан од СДСМ и ДУИ, откако беше овозможен кворум од страна на ВМРО-ДПМНЕ без кој немаше да можат да си изгласаат овие измени, сопартијците на Мицкоски не само што ја потврдија меѓупартиската соработка кога криминалот е во прашање, туку и се фрлија во црна кампања но не кон власта, туку кон Левица, за која после последните случувања може да се каже дека е единствена опозициска партија.
Ова не остана неискоментирано од страна на Професорката на Филозофскиот факултет Ванковска, која однесувањето на ДПМНЕ кон Левица го нарече опсесивно.
Да се фиксираа вака и да им беа СДС&ДУИ опсесија, како што им е Девица, досега и револуција ќе се случеше, ќе излезеа од парламент и ќе предводеа народ…“ – напиша професорката на социјалните мрежи.
Ванковска додаде дека за ДПМНЕ е полесно да се бори против партија која ги штите народните и националните интереси, отколку да се бори против партиите „соработници“ на Калето.
Арно ама, политички коректно и побезбедно е да си против Левица (која Калето не ја бара ни за разговор, ни за давање крв – или нешто друго).