АктуелноЛокално

Европската комисија против измените на Кривичниот законик од Владата на Ковачевски

  • Европската комисија не се согласува со измените во Кривичниот законик кои овозможуваат неказнивост и амнестија на организираниот криминал, законски измени спроведени од страна на СДСМ и ДУИ, кои немаше да се случат доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не направеа кворум. Партиите кои го реализираа овој анти-европски закон со европско знаменце, додека спроведуваат неказнивост за оние кои ги правеле најглемите криминали во државата, по се изгледа само декларативно се залагаат за членство на Македонија во Европската унија.

Европската комисија ја изрази својата загриженост дека некои од измените кои беа направени на Кривичниот законик носат ризик на намалување на неказнивоста, одговори евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашањето во врска со измените на Кривичниот законик

Мислам дека ова прашање веќе беше одговорено од страна на претставниците од Брисел, истакна Гир и додаде дека Европската комисија пред неколку дена веќе даде неколку забелешки во врска со ова прашање.

Како што нагласи, Европската комисија повторно изрази загриженост во врска со употребата на Европското знаменце, за да може да се запази усвојување на некој закон.

Европската комисија потсети на важноста на владеењето на правото во самата земја што се однесува на самиот принцип на неказнивост, всушност кривичните дела поврзани со тоа треба да бидат адресирани на вистински начин, нагласи Гир.