Манипулаторна Комисија за енергетика
- Став на Дејан Димовски, член на Сектор Енергетика во Левица
Медиумите алармираа дека една енергетска кмпанија блиска до власта свесно ги загрозува здравјето на луѓето и животната средина. Регулатоарнат комисија за енергетика иако целосно е запознаена со случајот за незаконското работење на фирмата САНС АГ увози извоз ДООЕЛ Штип. која незаконски декларирала дека произведува мазут М1, а всушност произведувала тешко масло за ложење кое има канцероген ефект по здравјето на луѓето. Канцерогеното гориво е продавано на фирмата РКМ која е управувана од луѓе блиски до владејачките партии.
Несфатливо е како претседателот на РКЕ Бислимовски 14 месеци ги игнорирал наодите на инспекторатот за животна средина, пазарната инспекција и УЈП и досега не ја одземал лиценцата на РКМ која канцерогеното гориво го прикажувала како мазут М1 И го препродавала во државни комбинати како што е ТЕЦ Неготино. Уште колку време ќе му треба на Бислимовски и на РКЕ да ја одземе лиценцата на геноцидните енергетски компании?
Во енергетскиот сектор во Македонија има едно непишано, но неприкосновено правило сите бизниси за партиските олигарси се озаконети преку регулаторна (манипулаторна) комисија за енергетика.
РКЕ цената на горивата ја усогласува на дневно ниво за да ги збогатува бизнисите на компаниите кои тргуваат со нафтени деривати, а кои се дел од политичко-енергетската елита во Македонија. Сѐ со цел да се спасат големите играчи во нафтениот бизнис, РКЕ ја смени методологијата за пресметка на цените на нафтените деривати од пресметка на секои две недели во пресметка на дневно ниво. Секој први јули и први јануари во годината РКЕ испорачува повисока цена за електрична енергија, а ЕСМ се задолжува со стотици милиони евра од ЕБОР за оперативни тошоци и за тендерски постапки за консултантски услуги. Секоја грејна сезона РКЕ испорачува повисока цена за парно греење, а паралелно со тоа расте и цената на огревното дрво и пелететите. Евидентно е дека и оваа грејна сезона ќе поскапе парното во Скопје, а Бислимовски тоа го најави и веднаш оправдание за тоа најде во тоа што не е завршена реконструикцијата на мостот Беласица.
״Пеглањето״ на краватата на претседателот на Манипулаторната Комисија за Енергетика на Боемска улица е доказ дека со внуците на политичките олигарси нема постапување по закон.
Случаите со модуларната болница во Тетово, Онкологија и канцерогениот таканаречен мазут М1 го покажуваат вистинското геноцидно лице на власта која за пусти пари го убива сопствениот народ.