Сведоштва од Онкологија: Мајка ми беше во агонија една година и никој не разговараше со нас
- Од граѓанското движење кое го организира „Протестот против убиствата на онкологија“ објавија повик за анонимно објавување на сведоштвата и лошите искуства, кои ги искусиле граѓаните на Онкологија, со цел да се изврши притисок на институциите и обзнани на јавноста, за тоа што точно се случува во ова одделение.
Добар ден,
Сакам да ве известам дека треба истрагата да се опшири поточно некаде до 2010 година. Мојата мајка тогаш беше пациент на онкилогија и примаше хемотерапија од која како и во други случаи што читам не и опадна косата ниту и се подобри состојбата.
Мајка ми беше во агонија една година и никој не се потруди да разговара со нас да каже нешто итн. Кога мислев дека конечно нешто е подобро состојбата се влоши, па после цела недна недела носејќи ја на итна и враќајки ја дома ја примија на Абдомен оделот. Тој доктор Стојан се нафати да ја оперира и всушност виде дека таа е целосно распадната. Па негова должност падна да не исвести нас децата.
За жал мајка ми таму почина после три месеци. Не ја пуштија дома бидејќи имаше отворена рана на стомакот и цревата и се гледаа. Сакам да истражите и за тие години во онкологија бидејќи и тогаш се случуваа работи како и сега. Мајка ми нема да се врати но барем ќе знам дека ја раскажав нејзината голгота.