АктуелноЛокално

Проекција на филмови на фестивалот „Звукот на Скопје“

Покрај музичката програма, оваа година фестивалот „Звукот на Скопје“ во организација на Културно информартивен центар – Скопје, ќе биде збогатен и со кино програма.

На 15 септември (петок) со почеток од 20 часот во Кулпарк летно кино (пред КИЦ) ќе бидат прикажани проекциите на филмовите:

ПРИМО ДА КРУЗ (документарен филм)

режија: Алексис Зеленски

времетраење: 89 минути, и

Снежана на крајот умира (игран филм)

режија: Кристијан Ристески, глумци: Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски

времетраење: 106 минути