СДСМ прифаќа Македонија и Бугарија со заеднички предлог да ги внесат Бугарите во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју дадено веднаш по вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски, сподели „генијална идеја“ согласно која гарант на вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав да биде Брисел.

„Прашањето сега е многу поинаку, прашањето не е дека една држава притиска, а другата вели не. Планираме до отидеме во Европската комисија со заеднички предлог, што прво е многу различно пред се. Второ, го потпираме на копенхашките критериуми, на принципи на правна заштита на луѓето кои се со наше потекло. Со други зборови, не вклучуваме конкретно билатерално прашање туку вклучуваме принципи кои всушност се во рамките на државите членки на ЕУ. Мислам дека ако Брисел на овој проблем меѓу двете држави гледа како можност да го забрза преговарачкиот процес тоа ќе може да биде искористено како модел за останатите држави членки од Блаканот што се поканети во ЕУ.“ – Изјави Петков

Од премиерот Ковачевски ова не беше прокоментирано. Ваквиот однос укажува на огромна веројатност Владата на СДСМ рака под рака со бугарските колеги да отидат во Брисел, сама да си побара и сами да дадат гарант дека Бугарите ќе бидат внесени во македонскиот Устав.

Наместо било каков демант или став во заштита на националните интереси, Ковачевски без никаков однос кон реалноста во која живее зборуваше за пријателство.

– Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО. Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Се чини дека после секоја средба помеѓу претставниците на „нашата влада“ и источниот сосед, Бугарија има уште едно ново барање прифатено од владата на СДСМ во исклучителна штете на Македонија.