АктуелноЛокално

Нека стои овде мојот ангел, да се види убавината која ја убивте: Мајка со потресно сведоштво

Жаклина Стефанова се обрати до нашата редакција и не’ замоли да ја објавиме нејзината страна од приказната, откако пред 14 месеци ја загуби својата 23-годишна ќерка Михаела

После 14 месеци откако ни замина, собирам сила да напишам за нашето патешествие низ хематологија и голготата која таму ја помина моето девојче и која заврши како што заврши.. Фатално, со смртен исход.. Дијагнозата ја добивме на 03.03.2020 година кога официјално и беше прогласена КОВИД пандемијата (Ковид пишувам со големи букви, зошто ќе се провлече низ нашата приказна).

Дијагнозата е NON-HOČKIN LIMFOM. Започнува лечење на Хематологија со пропишани шест хемотерапи после кои мојата Михаелче беше подобро. Прави пет скен, има остатоци од болеста, знаци метаболно ткиво, ама продолжуваме на онкологија со зрачење.. Поминува зрачењето во ноември и се’ е во ред..

Веќе е ек на пандемијата, ние сме постојано по болничките врати.. Секој ковид-тест негативен, иако пола држава умира од КОВИД. Летото 2021 стигнуваме до некои иминотерапии кои Михаела ги прима, ефект нула.. Продолжуваме со нови хемотерапии, сега четири. Одново е се’ во ред, КОВИД негативни тестови, иако околу Михаела сите КОВИД ПОЗИТИВНИ.. Докторот вади нејзини матични клетки во јануари 2022 за трансплантација, успешно.. Закажува трансплантација во февруари.. На денот кога треба да одиме на трансплантација, Михаелка покажува КОВИД ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ.. Оттука почнува она страшното.

Болницата не ја прима бидејќи немале КОВИД-одделение. Одиме на инфективна каде прима имуноглобулин, нема симптоми на ковид.. Оттогаш, значи февруари, моето дете покажува КОВИД ПОЗИТИВЕН ТЕСТ.. Оставени сами на себе на терапии од антибиотици полни четири месеци.. Инфективна се реновира, моето девојче прима инфузии со антибиотици во домашни услови пропишани од нејзиниот хематолог.. Состојбата се влошува.. Го молам докторот хематолог за хемотерапија, ми вика не смее се’ додека е ковид-позитивна, нема каде да легне, инфективна се реновира се’ до 12 мај 2022 кога конечно не’ примаат на инфективна клиника..

Секоја чест на докторите таму.. На сила издејствуваа две хемотерапии од хематологија.. Дојде докторот хематолог, го прашав: „Како сега КОВИД ПОЗИТИВНА СЕ’ УШТЕ смее да прима хемотерапии???“. Одговорот беше дека сега мора..

Моето девојче во општа добра состојбата после 30 дена на инфективна ја враќаме дома со тоа што за една недела треба да прима уште една хемотерапија.. Во меѓувреме, дома поради паднат имунитет избива херпес зостер.. Одиме на хематологија на закажано за хемотерапија, хемтологот ја враќа дома, одново не дава хемо навреме.. Не’ чека инфективна одново. Не’ примаат на четврти јули, лекување со антибиотици, плазма, крв.. Михаела ја губиме на 18 јули на инфективна клиника на 23 годишна возраст..

Виновни нема.. Толку можело да се направи.. Уште колку млади животи треба да одат вака, колку Михаели ќе има во овој трулеж од здравство??? Нека стои мојот ангел да се види убавината која здравствениот систем ја уби.. Нас не’ разделивте од нашето дете, нашето потомство, а вам изгледа никогаш совеста нема да ви се разбуди, само Бог ќе ви суди, од неговиот суд никој нема да избега!!!

  • Текстот е превземен од mastilo.mk