Затвор за професорите Шуклев и Ристевски – Барале пари и секс од студентки за оценки
Обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет осудени со затворски казни од 4 и пол и 4 години зошто барале пари и секс од студентки за оценки, а демонстраторот Драган Денковски осуден со условна казна од 2 години доколку во следните 5 години не го повтори делото, зошто посредувал помеѓу студентките и професорите.
Оваа пресуда ја донесе судијката Фанка Јанчулева Михаилоска на второто судење за предметот „Еразмус“, бидејќи во јуни 2021 година, предметот падна на Апелација, кога беше потврдена само ослободителната пресуда за професорот Стојан Дебарлиев. И професорите и демонстраторот добија забрана за вршење дејност во рок од 5 години, а времето поминато во затвор ќе им биде засметано во казната.
„Обвинетите Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и Драган Денковски виновни се затоа што во текот на 2016 година, обвинетот Шуклев побарал 1.000 евра од една студентка за да положи 2 испити, иако студентката на еден испит не покажал знаење, а другиот предмет не го пријавил, ниту полагал. Побарал од студент и секс, да дојде на 3.6 во 7 наутро, кога никој немало на факултет, или студентката да размисли дали сака во кола или во стан. И кажал дека вкупно ќе помогне за 6 предмети. Побарал и секс услуга и 700 евра во индексот. За професорот Драги Јанев побарал да донесе пари. Професорот Славе Ристески добил од 2 студенти 1000 евра и им напишал оценка 6 иако листовите на испитот ги дале празни. Откако сведокот Дејан Трајковиќ ги земал двата индекси со по 500 евра, побарал и бланко пријави за испит. Во текот на 2015 и 2016, обвинетиот Драган Денковски им помагал на професорите.“ кажа судијката Јанчулева Михаиловска читајќи ја пресудата.
Затворската казна за Бобек Шуклев е од 4 ипол години за едно дело „примање поткуп“, додека пак Славе Ристевски за двете дела „примање поткуп“ доби казни од по 2 ипол години или единствена казна затвор од 4 години. Демонстраторот Драган Денковски пак, условната казна ја доби за сторени три кривични дела „давање поткуп“. Професорот Драги Јанев пак, кој исто така судот го прогласи за виновен почина додека траеше постапката.
Тројцата професори Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување на преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително кажа дека е утврдено оти барал и сексуални услуги од студентки.
Првообвинетиот Шуклев во пресудата од март 2020 година доби казна затвор од две години за примање поткуп. Професорите Драги Јанев и Славе Ристевски пак, беа осудени на две години и шест месеци затвор, а само демонстраторот Драган Денковски беше условно осуден, со обвинение дека бил посредник меѓу студентите и професорите.