АктуелноЛокално

Децата од Љубен Лапе оставени без топол оброк

  • Реакција на Левица – ЛО Аеродром

Директорката Сања Стојанова никаде ја нема да одговори зошто децата во основното училиште Љубен Лапе останаа без оброк, а општината се секира за децата само кога Тимчо Муцунски треба да се слика и да тера дневен пиар врз детскиот грб.

Имено поради доцнењето со тендерот за исхрана кој го распишала директорката на училиштето децата се оставени без топол оброк и на родителите им е кажано како знаат да се снаоѓаат.

Додека пак општината не реагира за тоа што директорот ги пробил роковите за тендерот за храна и го распишал непосредно пред почнувањето на училишната година наместо на време.

Поради неспособноста и нереагирањето на општината и директорката децата ќе бидат оставени како без книги, така и без оброк овој месец, а најверојатно и наредниот месец.
Неспособноста на централната власт предводена од СДС и локалната власт предводена од ДПМНЕ, само се пресликува до помалите институции.

Бараме од општината да ја санкционира новоназначената директорка и да пристапи кон нејзина итна смена од позицијата.

Потсетуваме дека и во минатото ова училиште во општина Аеродром се има соочено со разни други проблеми за што градоначалникот Муцунски ја смени претходната директорка од СДС и назначи свој кадар, но проблемите очигледно не се премостија и останааа да тлеат.