АктуелноИнтернационално

Британски тинк-тенк: Обуката на НАТО е виновна за неуспехот на контраофанзивата

Британскиот Кралски институт за обединети услуги (RUSI) предупредува дека обуката на украинските офицери врз основа на нормите на НАТО е залудна затоа што киевските војници не ги разбираат овие тактики.

Западните покровители на Киев кои ги обучуваат и опремуваат украинските војници треба да ја избегнуваат доктрината на НАТО и наместо тоа да се обидат да ги приспособат инструкциите на моменталната ситуација на бојното поле против руските сили, сугерира британскиот Кралски институт.

Извештајот на најстариот безбедносен тинк-тенк во светот сугерира дека контраофанзивата е неуспешна затоа што на Украина и недостасуваат офицери кои ќе ги координираат нападите од големи размери врз руската одбрана и дека обуката на воениот персонал на Запад ќе помогне само ако се заснова на методи што ги користи Украина, наместо да ги учи на шеми на НАТО дизајнирани за различно конфигурирани сили.

Институтот предупредува дека обуката на украинските офицери врз основа на нормите на НАТО е залудна бидејќи киевските трупи не ги разбираат овие тактики. 

„Проблемот настанува кога ќе испратите лице кое ги научило сите процедури на НАТО назад во Украина, каде што никој од неговите колеги не разбира ништо од тоа“, изјави за Телеграф Џек Ватлинг, виш научен соработник во споменатиот институт.

Извештајот на британските истражувачи доаѓа во време на зголемена фрустрација меѓу западните лидери поради неуспехот на украинската контраофанзива. Њујорк Тајмс неодамна објави дека Вашингтон инсистира Украинците да ги концентрираат своите сили на југот на фронтот наместо да ги шират нашироко во текот на битката линија.

Институтот пишува дека обидите за брзо пробивање на руската одбрана довеле до неодржливи загуби на опрема, дека планираните операции напредувале бавно, само 140 метри дневно, што им давало можност на руските сили да се прегрупираат.

Според проценките од Русија, Украинците изгубиле повеќе од 43.000 војници и десетици тенкови и пешадиски возила што им ги доставил Западот, а тоа само во првите два месеци од контраофанзивата.

Како посредна потврда на руските проценки за големите украински загуби, британскиот тинк-тенк го заклучува извештајот истакнувајќи дека времето за обука на војниците на Запад е кратко и ограничено, бидејќи на Украина постојано и требаат нови војници за да ги пополнат своите редови.