Ревизија објавила неправилности во работата на Онкологија уште во извештајот од 2021 година
На Универзитетската клиника за онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од канцер, но тој никогаш не се користел, бидејќи Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран“, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој во април годинава го објави извештајот за работата на Клиниката за онкологија за 2021 година.
ДЗР известува дека во постапките за сервисирање на опрема за која економските оператори имаа монополска позиција или ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис при што не постои можност да се спореди, утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги. Набавен е линеарен акцелератор од страна на Министерството за здравство кој до денот на вршење на ревизијата не е ставен во употреба, од причина што Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран, се вели во извшетајот на ДЗР.
Во ревизорскиот извештај се констатира дека клиниката не ја евидетирала потрошувачката на биолошка терапија навреме затоа што трошокот од безмалку 650.000 денари бил евидентиран на крајот од 2021 година затоа што лековите биле набавувани на реверс без при тоа да биде определена конкретна цена. ДЗР исто така утврдил дека не постојат медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми кои пациенти и како ќе бидат приклучени на биолошка терапија. Од ДЗР имаат забелешки и за јавните набавки на Клиниката за онкологија.
Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за една од прегледаните сметки во делот на работата на Клиниката за онкологија а кој се однесува на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за нивната усогласенот со законите за 2021 година.
Поради ова од ДЗР меѓу другото препорачуваат биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка.
Биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пациенти по претходно мислење на стручен колегиум. Велосно да се спроведува годишниот попис. Да се преземаат обврски само во рамки на буџетото и истите редовно да се исплатуваат. Навремено да се евидентира трошокот за биолошка терапија и да се обезбеди доследна примена на Законот за јавни набавки, велат од ДЗР.
Што се однесува до втората сметка што ја испитувал ДЗР, во издвоеното мислење пишува дека нема резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финанските извештаи но изразува резерва за тоа колку финансиските транскации се усогласени со законите за 2021 година.
Државниот завод за ревизија во работата на Клиниката за онкологија утврдил слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија. Исто така ДЗР утврди дека Клиниката за онкологија не го спровела во целост пописот на средствата и обврските што ги имала, пишува во извештајот на ДЗР.
Од ДЗР велат дека постојат и прашања кои остануваат неизвесни а тоа е наплатата на Клиниката за онкологија за своите извршени услуги. По оваа основа Министерството за здраваство (МЗ) ѝ должи на клиниката повеќе од 160.000 денари а не се наплатени ни близу 60.000 денари од другите Јавно-здравствени установи.
Поради утврдените недостатоци во работењето на клиниката во делот на финансиските трансакции, ДЗР ѝ препорачува на оваа здравствена установа биолошката терапија да се набавува само рамки на веќе обезбедени пари за таа намена а по претходно склучен договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пацинети по претходно мислење на стручен колегиум. ДЗР уште препорачува Клиниката за онкологија целосно да го спроведува пописот за секоја тековна година“, препорачуваат од ДЗР.
Од Државниот завод за ревизија потенцираат дека по однос на двата извештаи не добиле никакви забелешки од Клиниката за онкологија.
Преземено од: Република