78 години од масакрирањето на партизанката Дешка Ташева

  • Соопштение на ЛО Левица Кавадарци

Дешка Ташева била истакната револуционерка родена во 1925 година во кавадаречкото село Бегниште.

Таа потекнувала од сиромашно земјоделско семејство, кое уште од почетокот го помагало народноослободителното движење.

Во текот на 1942 година, во нејзината куќа престојувала група борци-илегалци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Во своето село станала член на напредното движење, а набргу и член на СКОЈ. Сите директиви на Партијата ги извршува одано и беспрекорно!

Иако млада, се носела со идејата да замине во партизани и да се бори против фашистичкиот окупатор. По директива на Партијата, Дешка, заедно со уште неколкумина младинци од своето село, заминала во партизани на 16 април 1944 година. Со својата бригада учествувала во поголем број на борби во кои се потврдила како храбар борец. Нејзината активност во работата на скоевската организација ја пренесила и во својата чета, па набргу била поставена за политички комесар!

Дешка Ташева загинала во борбата што нејзината бригада ја водела во Овчеполско, на први септември 1944 година. После борбата, германските фашисти го земале нејзиното безживотно тело и сурово го масакрирале!

Слава и!