АктуелноЛокалноНастани

Леќата и грашокот пронајдени на локалитетот Влахо се најстари датирани градинарски култури досега во Европа

Најновите истражувања покажуваат дека леќата и грашокот пронајдени на локалитетот Влахо се најстари датирани градинарски култури досега во Европа, докажуваат архео-ботаничките анализи.

Плодната Пелагонија крие многу неолитски населби кои преку мултидисциплинарна археологија во иднина треба да бидат истражувани, велат археолозите.
Тимот археолози Гоце Наумов,Феран Анторин од Германскиот археолошки институт и Амалија Сабанов од Универзитетот во Белград, примероците од пронајдените житарици ги испратија на Електро техничкиот факултет во Цирих, Швајцарија, каде со физички методи на датирање на органско остатоци се докажа дека леќата и грашокот датираат од 6400 п.н.е
Некои градинарски култури откриени на локалитетот Влахо се всушност најстарите во Европа, и сега ние тоа постепено ќе го афирмираме и покажеме дека Пелагонија бил еден битен простор дури во почетокот на неолитот и всушност тоа доаѓање на Анадолските популации многу брзо се одвивало преку Македонија и автоматски преку Пелагонија. Сегашната ситуација покажува и изненадува дека всушност Пелагонија е едно од местата каде што се наоѓа едно од првите неолитски локалитети и најраните градинарски култури,вели археологот Гоце Наумов.

Покрај житариците како што се јачменот и пченицата и разни други растенија и плодови кои се користеле за исхрана,на Влахо откривме како и на другите локалитети, големо присуство на леќа, грашок како и афион. Со тоа што анализите кои ги правевме во Цирих, потврдија дека станува збор за најстарите форми на леќа и грашок во Европа датирани до сега, вели тој.
Велушка Тумба,Врбјанска Чука и Влахо се неолитски локалитети со екскуливни податоци. Но плодната Пелагонија крие многу неолитски населби кои преку мултидисциплинарната археологија во иднина треба да бидат истражувани.