АктуелноЕУИнтернационално

Левица: ЕУ ја демантираше власта – Проширувањето не е приоритет

  • Реакција на Политичката партија Левица – ЕУ без стратегија за проширување, Македонија без стратегија за интеграција

Стратешкиот форум во Блед резултираше со противречни изјави на ЕУ бирократите по однос на проширувањето на Унијата, што одново ја потврди тезата за целосно ОТСУСТВО на кохерентна политика по однос на ова прашање. Лидерите на државите членки на ЕУ, не само што споделија скептични ставови по однос на проширувањето, туку повторно го афирмираа ставот дека полноправното членство се исклучува како опција.

Стратегијата на актуелната криминална влада, во отсуство на реални реформи и пропаст на клучните сфери – образование, здравство, економија, доуништување на фосилите од груевистичкиот судски систем и целосна институционална нефункционалност – е сведена на исполнување на РЕГРЕСИВНИТЕ великодржавни идеи на политичките фактори во земјава и соседството.

На обичниот човек, многупати излажан од стратешките партнери, одамна му е јасно дека фарсата за ЕУ интеграции води во ќор сокак! Народот е свесен дека членството без внатрешни реформи, нема во ниту еден случај да го подобри неговиот животен стандард и знае дека криминалната клика на власт нема капацитети за прогресивен исчекор.

Ниту една манипулација повеќе не може ја прикрие неуспешната интеграциска политика, конструирана од домашните квислинзи и странските неконсолидирани бирократи. Ова доведе до драстичен пад на поддршката на политиката на ЕУ! Македонија не може и не смее да дозволи да губи нови генерации на млади луѓе, бесцелно чекајќи пред портите на Брисел.

Актуелните геополитички околности нудат бројни АЛТЕРНАТИВИ кои можат да помогнат во развојот на државата и заштитата на виталните национални интереси.

Време е македонската политичка елита да почне да размислува за утврдување на поинакви стратешки приоритети на Македонија, кои ќе овозможат излегување од евро-атланскиот ќор сокак, каде под флоскулата безалтернативност, безпросперитетно заглавивме повеќе од триесет години.