АктуелноЛокално

ДПМНЕ ја напушти Седница за поништување на одлуката со која Втора македонска Бригада беше преименувана во Адем Демачи

ДПМНЕ ја напушти седница за поништување на одлуката со која Втора македонска Бригада беше преименувана во Адем Демачи, ова го соопшти Советникот од редовите на Левица во Град Скопје – Реџеп Исмаил.

Како што вели Исмаил, причина за напуштањето на Седницата е недостатокот на храброст во редовите на ДПМНЕ да ја поништи оваа одлука.

Во недостаток на храброст, советниците на ДПМНЕ, напуштајќија 34 – тата Седница на Советот на град Скопје, на која на дневен ред беше Иницијативата за поништување на одлуката на Шилегов со која Втора македонска Бригада беше преименувана во Адем Демачи и ред други спорни именувања, предизвикаа нејзино прекинување со што ја саботираа оваа иницијатива!

Партијата која се претставува како патриотска и заштитнички настроена кон македонските интереси уште еднаш потфрли, а како главна причина за напуштањето на Седницата за поништување на одлуката со која Втора македонска Бригада беше преименувана во Адем Демачи се претпоставува дека е стравот од нарушувањето на односите со ДУИ, кои веројатно го гледаат како иден коалициски, но и континуиран бизнис партнер.