Лавров до Западот: Воена интервенција во Нигер никому нема да му биде од корист
Западноафриканските влади го направија првиот чекор во обидот да го задушат пучот во Нигер, наредувајќи армиите во регионот веднаш да ги активираат трупите за можна интервенција во Нигер.
Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) која е под контрола на Западот, претходно нареди активирање на силите и издаде соопштение во кое вели дека сè уште претпочита мирно обновување на демократијата во Нигер. ЕКОВАС се закани дека ќе испрати војници доколку воената влада во Нигер не успее да го врати на власт претседателот Мохамед Базум до минатата недела.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на самитот на БРИКС во Јужна Африка, порача дека воена интервенција на Економската заедница на западноафриканските држави – ЕКОВАС во Нигер никому нема да му донесе корист и ќе биде деструктивна за илјадници луѓе.
„Не мислам дека инвазијата на било кој ќе му користи. Силите за спротивставување на интервенцијата веќе се формираат во вториот дел од ЕКОВАС. Навистина не го сакам ова сценарио за Африканците“, изјави Лавров.
Повиците за воена интервенција во земјата доагаат откако беше соборен уште еден профранцуски претседател Мохамед Базума. Нигер е поранешна француска колонија, земја од која до пред државниот удар Франција е најголем експлоататор на нивните ресурси, додека земјата важи за една од најсиромашните во светот.