Земјите од БРИКС се согласија за проширување на блокот
Светската јавност е свртена кон самитот на геополитичкиот блок БРИКС, кој годинава, од 22 август до 24 август се одржува во, главниот град на Јужна Африка, Јоханесбург.
Главна точка на овој самит беше проширувањето на блокот, составен од Бразил, Русија, Индија, Н.Р.Кина и Јужна Африка. Денеска, при крајот на вториот ден од самитот, стигна долго очекуваната вест дека земјите на блокот усвоиле документ во кои се одредени основните параметри за проширување на блокот. Ова, денеска за медиумите го изјави Министерот за надворешни работи на Јужна Африка.
„Проширениот БРИКС ќе претставува разновидна група на нации со различни политички системи кои споделуваат заедничка желба да имаат побалансиран глобален поредок“, рече претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса, во обраќањето пред состаноците.
Инаку, јужноафриканскиот претседател, Кирил Рамафоса, на првиот ден од самитот рече дека групата нации од блокот наречен БРИКС ќе продолжи со дискусиите за практичната употреба на локалните домашни валути за да се олесни текот на трговијата и инвестициите.
Додека пак претседателот на Бразил, Лула де Силва, изјави дека самитот на БРИКС не постои за да му се спротивстави на Западот, туку за да им дозволи на земјите да се организираат на еднаква основа со САД и ЕУ.
Но, сепак, земјите на колективниот Запад тоа го гледаат како закана, бидејќи БРИКС, како економски блок веќе ја надмина групата Г7 во делот на учество во глобалниот БДП. што е уште еден доказ дека светот одамна е влезен во полна пареа на мултиполарноста.
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, имаше видео обраќање на вториот ден од самитот, главните ставови кои тој ги изнесе во неговото излагање се следни:
- Земјите од БРИКС се против секаков вид на хегемонија и ексклузивност ,како и против политиката на неоколонијализмот;
- Желбата на голем број западни земји да ја задржат својата хегемонија во светот доведе до тешка криза во Украина;
- Превземените активности на Руската Федерација во Украина се диктирани само од желбата да се запре војната за истребување што ја започна Западот;
- Руската Федерација е благодарна на своите колеги од БРИКС кои се обидуваат да помогнат во решавањето на конфликтот во Украина;
- Улогата на жените во работите на земјите од БРИКС треба да се прошири, Руската Федерација го поддржува јужноафриканскиот предлог за министерски состанок на оваа тема;
- Руската Федерација предлага следниот самит на БРИКС да се одржи во октомври 2024 година во Казан, ќе бидат договорени конкретни датуми.
„Отсекогаш не третирале како втор ред, но можеме да бидеме важни земји“, во својот говор на самитот подвлече претседателот на Бразил, Лула.
„Отсекогаш сме биле третирани како да сме најсиромашниот дел на планетата. како да не постоевме. Отсекогаш сме биле третирани како да сме втора класа. И одеднаш сфаќаме дека можеме да станеме важни земји“, рече Лула.
Покрај тоа, според бразилскиот лидер, групата БРИКС, која во моментов претставува повеќе од една третина од светскиот БДП, е организација која може да се обиде да ги промени „односите во светот“. Така тој се осврна на потребата од реформирање на меѓународните институции, како што е Советот за безбедност на ОН, поставувајќи прашање зошто Бразил, Индија и Јужна Африка, на пример, не можат да се приклучат на ова тело на ОН.
На самитот во Јоханезбург, како претставник на Народна Република Кина беше и претседателот Кси Џинпинг, кој во своето излагање ја потенцираше важноста од брзо ширење на блокот.
„Земјите од БРИКС треба да се спротивстават на економската принуда и да се фокусираат на деловната соработка како и да ја прошират политичката и безбедносната соработка, да одржуваат мир и спокојство. Менталитетот на Студената војна опстојува и денес, геополитичката ситуација е мрачна. Но, и покрај ова, Кина Менталитетот на Студената војна опстојува и денес, геополитичката ситуација е мрачна, рече лидерот на Н.Р.Кина.
На самитот учествуваше и Индија, претставена од претседателот Моди, кој изрази целосна поддршка на предложената политика за проширување на блокот БРИКС.