Апасиев „откри“ за што ќе разговара Ескобар на средбите со политичарите во Македонија

Вчера беше најавена посетата на Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар во Македонија. Официјално е најавена негова средба со претставници на Владата но и со политичари од опозицијата. Главната тема како што соопштија ќе биде европскиот пат на земјава.

Согласно најавата и закажаните средби, не треба човек да биде политички експерт за да свати дека дипломатот доаѓа по неуспешните уставни измени на СДСМ и ДУИ за бугаризација на Македонија, со цел да врши притисок врз политичката елита за тие да ги прифатат.

Посетата на претставникот кој претходно не нарече православни од Северна Македонија и Северномакедонци наиде на многу реакции во јавноста, а пратеникот од Левица Апасиев, во свој стил, саркастично „откри“ за што ќе се зборува на овие средби.

Ајдееее… Американскиот дипломат Ескобар идел да разговара за: кокаинот у Чаир, струјата у Слупчане, дипломите у Струга, дивоградбите у Сарај, фискалните у Гостивар, знамињата у Тетово и данокот у Арачиново! – напиша Апасиев