АктуелноИнтернационално

Скот Ритер: Сите F-16 кои пристигнуваат во Украина ќе бидат соборени во рок од еден месец

Откако Данска и Холандија најавија дека ќе му ги дадат на Киев долго бараните Ф-16, се огласи поранешниот разузнавач Скот Ритер:

„Авионите што Холандија и Данска ќе ги испратат во Украина се со стара и небезбедна опрема за стандардите на САД и НАТО. Од 42 авиони, само 24 можат да летаат“. „Сите ќе бидат соборени за еден месец. Тоа е илузија на безбедност што ви ја наметнаа истите луѓе кои ве натераа да жртвувате повеќе од 400.000 украински мажи во неуспешниот притисок на НАТО за регионално значење“, напиша Ритер на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер ) коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател за ловците.

„Срам да ви е што дозволивте да се случи ова“, додаде тој.

Испораката на Ф-16 на Киев предизвика воодушевување и вознемиреност во исто време кај политичарите во Европа.

Германската министерка за надворешни работи Аналене Бербок за ова кажа „Ова е добар ден за Украина и, се разбира, добар ден за Европа и веднаш доби одговор од Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев „децата да не се играат со авиони, бидејќи еден од овие „добри денови“ може да биде последниот ден за Европа.

А Данскиот министер за одбрана Јакоб Елеман-Јенсен веднаш најави дека Киев ќе мора да ги користи борбените авиони Ф-16 што ги добива од Данска и Холандија само на територијата на Украина, односно само за одбрана.