Тенкови на НАТО влегоа во Москва, како експонати
Во паркот „Патриот“ крај Москва под покровителство на Министерството за одбрана на Русија се одржува меѓународниот воено-технички форум „Армија-2023“. Во склоп на форумот беше организирана изложба на оружје и воена опрема заробено во Специјалната операција.
Посебно внимание на изложбата е посветено на опремата произведена во САД и други земји на НАТО.
Експонатите беа претставени со детален опис и опишани под кои околности се запленети, соопштија од Министерството.
Во затворениот павилјон на изложбата беше претставена изложбата „Ветената алијанса“ за идеолошката индоктринација на украинската младина, која се спроведува во последните години.
„Тука се претставени училишни учебници, облека со националистички слогани, необично мени на украински барови и ресторани, симболи на терористичкиот баталјон „Азов“ кој е забранет во Русија“, соопшти Министерството.