Исмаил: Барањата за некакви албански општини сами на патот кон ЕУ се балистички воскресенија!
Членот на Президиум на Левица, Реџеп Исмаил, реагираше на денешниот собраниски говор на пратеникот Скендер Реџепи, кој ја напушти Алтернатива и делува како независен пратеник. Скендер Реџепи на денешната собраниска седница за промена на Уставот истакна дека „ако уставните измени не се донесат, албанските општини сами ќе продолжат на патот кон ЕУ.”
„Гледам Собраниски канал, и првиот “парламентарец”, кој се обрати после Таче, некој си Скендер Реџепи, најави дека “албанските општини” (не знаев дека имаме ваква институција во Локална самоуправа), ако уставните измени не се донеле, тие немало да бидат заложници на македонците и ќе си продолжеле кон патот на ЕУ?!
Па дали е ова нормално човече, пак ли сега треба да глумиме “осуда” на ваквите бали-комптар воскресенија?” – напиша Исмаил од Левица на својот профил.