Мерко незаконски назначува директори на училишта – неговиот сопартиец Шаќири го штити
Очигледно е дека за вечниот функционер на ДУИ, Рамиз Мерко, не важат никакви закони и правила. Мерко, за кој со години се провлекуваат скандали и нема никаква одговорност, продолжува со неговото незаконско владеење, овој пат при поставувањето на директори.
Имено, инспекторот Илиевски обзнана дека Рамиз Мерко незаконски поставил директори на основните училишта во селата Велешта, Подгорци, Радолишта, Вевчани и Лабуништа. Исто така, спорно е и поставувањето на директорката во струшкото основно училиште „Браќа Миладиновци “. Иако истата немала лиценца за директор од гимназијата „Ибрахим Темо”, каде предавала албански јазик, веќе една година таа е поставена за директор во ова основно училиште.
За ваквите скандалозни одлуки, нема никаков одговор во јавноста од страна на министерот за образование, Јетон Шаќири. Молкот на Шаќири е очекуван, со оглед на фактот дека токму Шаќири е студент на контроверзниот струшки Универзитет, кој е во сопственост на Мерко.
Токму Шаќири незаконски станал доцент на Универзитетот на Мерко, па очекувано е дека овој министер не може да спроведе никакви реформи во образованието. Односно, дипломата на Шаќири е признаена во 2017 година, кога веќе тој бил именуван за доцент на струшкиот универзитет – што значи дека тој бил именуван за доцент без признаени докторски студии.
Молкот и на Социјалдемократскиот сојуз за ваквото дивеење на нивниот коалиционен партнер ДУИ само потврдува дека СДС е малцински партнер во криминалната Влада, предводена од ДУИ.