Промената на личните докумeнти според Преспанскиот договор е условена со отварањето на поглавја од европската унија
Фејсбук статус на Александар Димитриевиќ – координатор на Трудов сектор на Политичката Партија Левица
Според овој катастрофален договор од 2018 година промената на документите ќе започне при отварање на секое поглавје при релеватното поле во преговорите со ЕУ. Не само што не се отвараат нови поглавја туку ЕУ ни наметна и нов услов промена на УСТАВ. Ниту странците а ниту нашите поданички политичари не го споменуваат овој договор и не ја притискаат ЕУ како гарант за исполнување на обврските од истиот.
После 5 години од срамниот преспански не сме мрднале ни сантим кон ЕУ. Него ни ги закачија на врат Бугарите за да заборавиме што ни ветуваа Данајците.
И сега наместо да сме лути што не прошетаа по ќерамиди ние треба од наш џеб да менуваме документи.
Да имавме политичари со болс во гаќите а не на очите, на ЕУ како гарант ќе и го вратевме назад францускиот предлог и ќе го решаваме преспанскиот како прејудициелно прашање. Барем еднаш да бевме истрајни во нашите намери ќе ги пробиеме сите нивни блефови.
Бојкот на сите постапки додека не влеземе во ЕУ па да видиме.