Жители на Коњари повикани во полиција по пријава на дивокопачите од „Еуропрогрес‘‘
- Реакција на Политичката Партија Левица
Репресиите над жителите од Средно и Горно Коњари не престануваат. Денес повеќе жители беа повикани на информативен разговор во полициска станица Петровец, по претходно поднесена поплака од фирмата ,,ЕУРОПРОГРЕС”, која НЕЗАКОНСКИ врши ископ на кејот од реката Пчиња.
Жителите се жалат дека компанијата наместо да го уреди кејот од реката, вади песок за свои цели и после го продава, а притоа создава дупки полни со вода кои се небезбедни за населението и животните. Со цел да се изврши ПРИТИСОК и непречено да продолжи со работа, ,,Еуропрогрес” вчера поднела поплака до МВР дека наводно, додека медиумите снимале, жителите биле премногу блиску до ископот со што се загрозувала нивната безбедност и дека ја попречувале работата на багерите кои копале.
Денес меѓу жителите беше член на Правниот сектор на #Левица, адвокат Александар Димитријевиќ – кој на присутните им ги објасни своите законски права, со цел да се заштитат од самоволието и заканите од оваа компанија.
Поплаките од компанијата се целосно НЕОСНОВАНИ, бидејќи жители биле присутни на безбедно растојание (заедно со медиумите), а меѓу повиканите во МВР имаше и жители кои воопшто и не биле на местото тој ден.
Со ова се потврдува дека градежните работи кои ги врши фирмата се небезбедни и спротивно на прописите за изведување на вакви ископи!
Левица ќе продолжи со поддршката за жителите на Средно и Горно Коњари, се’ додека не заврши незаконскиот и небезбедниот ископ на оваа компанија, која очигледно ужива заштита од високи структури на власта.