(Видео) Во Бугарија има Македонци и ништо не правиме – тука едвај има Бугари
- Дел од историскиот говор на претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев за уставните измени:
,,Ѓорги Димитров, еден комунист дозволи моштите на Гоце Делчев да бидат донесени во Скопје, и прв дозволи Македонците во Пиринска Македонија да се изјаснуваат како Македонци.
Во 1956 година е спроведен последниот попис на кој им е дозволено да се изјаснуваат така. Резултатите од овој попис во 1956 година велат дека, во околијата Сандански 89 отсто се Македонци, додека 7 отсто Бугари; во околија Петрич 82 отсто Македонци, 15 отсто Бугари; во околија Благоевград, поранешна Горна Џумаја, 52 отсто Македонци, 45 отсто Бугари; во Разлошко 49 отсто Македонци, 39 отсто Бугари; во Гоце Дечлев 45 отсто Македонци, 40 отсто Бугари; во округ Благоевград 63 отсто Македонци.
Ние таму каде реално има Македонци не правиме ништо, а овде каде реално нема Бугари се случува ова. Колку имаме Бугари? Има колку да ги ставиме на еден концерт на Рибља Чорба да ги собере.’’