АктуелноЛокално

Излезе и третата верзија на спорниот предлог Дуп но проблемите на Лисичани остануваат

На фејсбук страната на „Да го зачуваме Лисиче‘‘ објавија информација дека излегла и третата верзија на спорниот предлог ДУП за градска четврт ЈИ О9 01. Во продолжение во целост ви ја пренесуваме нивната објава:

Искочи и третата верзија на спорниот предлог ДУП за градска четврт ЈИ О9 01 но проблемите на Лисичани ОСТАНУВААТ!

Иако на две јавни анкетни со вкупно над 300 поднесени анкетни листови и два МАСОВНИ ПРОТЕСТИ на кои цела населба ЈАСНО кажа НЕ за БЕТОНИЗАЦИЈА на Лисиче, Општина Аеродром НЕ остапува од тоа од тоа да има ЗГРАДИ во ЛИСИЧЕ!!!

Ние како жители на населбата сакаме да го зачуваме карактерот на населба и нашето спокојно и достоинствено живеење, додека ДОЛЖНОСТ на градоначалникот и на општината тоа да го исполнат.