Јанески: Просечен член на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ има повеќе можност да отиде на одмор отколку два универзитетски професори

  • Фејсбук статус на Марио Јанески – Претседател на Црвена Младина

Еден обичен, просечен член на подмладок на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ има повеќе можност да отиде на одмор отколку два универзитетски професори.

И не само одмор. Тие возат коли поскапи од нашите животи. Најчесто тие се татини, мамини синови кои уште од млади ги учат дека се класно привилегирани. И ова го тврдам најодговорно, затоа што сум имал прилика да ги запознаам на настани за млади каде што присуствувале голем дел од нив.

Додека мои врсници, дипломирани, мака мачат да најдат пристојна работа, спасот го бараат надвор во меѓувреме, овие идни политичари се најчесто на платен список на партијата, некоја државна институција и ги трошат парите од бизнисот на тато, кој подоцна ќе го наследат и ќе продолжат да ги екслоатираат работниците кои крвнички ќе треба да работат за да дозволат одмор од 4 дена во годината.

Значи класните разлики се толку огромни што некој прдло или прдла на 20 години има повеќе можности од универзитетски професори.

Младите од УМС, СДММ и останатите партии, вклучувајќи ги и албанските, само продолжуваат да ги репродуцираат класните разлики и да го одржуваат статус квото. Впрочем тие треба да ви се примерот зошто нашите другари се иселуваат.

Ова е класна војна и ништо друго…