Отворен повик за волонтери кои би биле вклучени во „Звукот на Скопје“

Културно информативен центар – Скопје објави отворен повик за волонтери кои би биле вклучени во организација на манифестацијата „Звукот на Скопје“ и ќе се одржи на 15 септември 2023 година.

 „Звукот на Скопје“ (кој беше познат под името „Звуците на чаршијата“) со своите 17 години историја е етаблиран фестивал кој прерасна во модерен летен скопски open air фестивал, а покрај музиката, вклучува и други уметнички аспекти кој се дел од работата на Културно информативен центар – Скопје (изложби, литература, филм, театар и сл.).

Волонтерите со ангажман на овoј проект ќе стекнат искуство на работа во градски културен центар, на фестивал каде ќе се здобијат со организациски вештини, а дел од нив можеби и професионално ќе се насочат во браншата на културниот менаџмент.

Пријава со кратка биографија и вашите животни/професионални интереси испратете на info@kic.mk до 15 август 2023.