Пендаровски со уставни измени ќе ги задржува младите дома

Велеше ако не бил претседател на Македонија ќе се ислелел од државата, а сега инсистира да направиме уставни измани за да ги задржиме и оние млади кои останаа дома. И по 7 години, власта која во опозиција редеше патики пред влада, критукваќи за масовно иселување, продолжува да игра на картата со судбината на младите кои од година в година се повеќе го бараат спасот надвор, бегајќи од катастрофата дома.

Протестот тогаш се одржа под името „Колку чевли останаа неизносени“. Активистите сметаа дека веќе со години сме сведоци и жртви на најголемот современ егзодус во Македонија.

Наместо да критикува за отстсутво на реформи и политики за тоа како младите да останат дома, Претседателот Стево Пендаровски продолжува да го користи проблемот за популизам во кој и самиот тој е контрадикторен. 

  • Само од нас зависел дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, рече претседателот на Илинден. „Тие имаат само еден живот, сите имаме само еден живот и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, а притоа просечната плата во земјата земја изнесува 400 евра. Да не бев претседател и самиот би се иселил од мојата држава“, рече Пендаровски во 2019 година.

Тој уште во 2019 сметаше дека Западен Балкан покрај проблемите на економски план, го мачи и апсолутната зависност од помошта од ЕУ.

За последниот адут на Пендаровски, уставните измени, политички консезус нема, а нема ниту поддршка кај безмалку сите Македонци во државава, што го отсликуваат и анкетите. Напротив, тие покажуваат дека корупцијата, правната држава, катастрофалната економска состојба се главните причини поради кои младите сакаат да си заминат од сопствената држава.