АктуелноЛокално

Јанчев: Бугарија отворено работи за дезинтеграција на Македонија – Нашите служби спијат

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во Општина Гевгелија

Деца од Битола носат кај Симеон Втори. Симеон Втори е синот на бугарскиот цар Борис Трети и во негово време со помош на Фашистичка Германија, со окупација на Македонија се остварува иредентистичкиот влажен сон за Голема Бугарија.

Симеон Втори е човекот кој подржа отварање на оној фашистички и антимакедонски клуб во Охрид, “Цар Борис Трети”.

И сево ова се прави во време кога државата Бугарија води отворена антимакедонска политика. Финансира клубови, поставува ултиматуми, буквално бара од Македонците да прифатат дека до 1945 се Бугари за да продолжат кон остварување на тој опасен и влажен сон за Голема Бугарија.

Буквално Македонија ја работат ко бавча. Отворено работат на дезинтеграција на Македонија. А нашите служби спијат.
Ова не го гледаат. Или кога го гледаат тоа е прогрес и евроатлански вредности.

Ама затоа насекаде гледаат руско влијание. Ќе требаат нови затвори оти нема доволно за сите што шуруваат во ова. Е до таму е дојдено.