Крмов: Заменикот Селами го дисциплинира директорот Симовски!

„Заменикот Селами кој има ВЕТО околу пописните резултати го дисциплинира директорот да не измрдува од договореното. Таму е „кваката“ во законот, во попишувањето членови на семејството кои не се присутни само со ЕМБГ! Затоа и пописот 2011 беше прекинат, затоа што тогаш ДУИ не успеаја тоа да го изведат во пракса. Сега СДСМ им го стави во законот и го направи легално, само да се одржи на власт.

Инаку по препорака на Евростат и ООН етнички и религиозни карактеристики спаѓаат во ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ и се набавуваат само со „self declaration“. Значи само индивидуално. Никаде, никогаш во ниедна земја немало оваков закон за попис како нашиот и тоа народот и јавноста мора да го знаат.”
– пишува на својот фејсбук профил пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Заменикот Селами кој има ВЕТО околу пописните резултати го дисциплинира директорот да не измрдува од договореното. Таму…

Posted by Борислав Крмов on Monday, 8 February 2021