АктуелноЛокално

Левица: Ковачевски најави – Граѓаните ќе плаќаат над 300 милиони евра арач за НАТО

  • Реакција на Политичката партија Левица

Владата на државата во која граѓаните се лекуваат преку донации од СМС пораки, не може да се обезбедат лекови за луѓето со ретки болести, учениците ги завршуваат учебните години без книги, работниците бараат поголеми плати во речиси секоја од јавните дејности, а јавните претпријатија и фирми пропаѓаат и тонат во долгови – одлучи да го зголеми буџетот за НАТО на 2% од БДП, или спрема пресметките, граѓаните за наредната година ќе платат над 300 милиони евра за НАТО.

Членството во воено-империјалистичката организација на НАТО од година во година го зголемува арачот за нејзините членки, кои од сега треба да одвојуваат минимум 2% од своето БДП за одбрана!

Исполнување на ваквото барање најавија октроираниот Премиер Ковачевски и Министерката Славјанка, кои не се колебаа многу и веднаш по самитот на НАТО, излегоа со ветување кон пастирот дека покорно ќе го исполнат и ова барање.

За споредба, буџетот за последните десет години, ќе биде зголемен за повеќе од три пати, односно ако во 2014 година изнесувал околу 98 милиони евра, во 2024 година ќе изнесува над 300 милиони евра. Воедно, најавата за модернизација на опремата (од околу 30% од буџетот) од Ковачевски всушност е и најава за купување на оружје од „стратешкиот партнер“.

Потсетуваме дека претходно, Шекеринска како Министер за одбрана, на чело со тогашниот лидер Заев, потрошија над 210 милиони долари народни пари за набавување на возила од САД.

Пропагандата за НАТО просперитетот е целосно пропадната! Граѓаните од воената организација се што добија е зголемени трошоци, а државата очигледно почнува да се користи како воена база на САД, што де факто ја прави територија која може да се најде во конфронтација и да ја вовлече Македонија во непотребни конфликти.