Њујорк Тајмс: Украина загуби над 20% од воена опрема и оружјето откако започна со „контраофанзивата“

„Украина загуби околу 20% од својата воена опрема и оружје откако ја започна својата контраофанзива,објави Њујорк Тајмс во саботата.

Константните загуби во еден период беа намалени, и паднаа на 10% бидејќи украинските трупи во суштина ги запреа нападите во многу области, се вели во извештајот.

Весникот наведува дека американските власти се согласила да обелоденат само процент од загубите, одбивајќи да дадат голем број уништена опрема.

Руското Министерство за одбрана постојано објавува за неуспешната офанзивни обиди на украинските воени сили, додека пак земјите од Западот, нагласувајќи го своето незадоволство по доставеното оружје и опрема постојано објавуваат дека украинската офанзива оди премногу бавно.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинските војници немале ниту еден значителен успех во ниту една област.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 3 јули изјави дека, само неколку дена по отпочнувањето на „контраофанзивата“ руските трупи уништиле 16 тенкови Леопард, што е речиси онолку колку што Полска и Португалија заедно и испорачале на Украина.