Левица: ЕУ потврди – внесувањето на бугарите во Уставот не се последно барање
- Реакција на Левица – Сектор за Надворешна политика и безбедност
Лагите на СДСМ и ДУИ дека по уставните измени Македонија без пречки ќе ги продолжи евро-интеграциските процеси потонаа во вода! Празнореторичките благоглаголења на претставниците од нелигитимната Влада, континуирано ги негираат како претставниците на ЕУ, така и претставниците на земјите членки на Унијата.
Претходно евро-амбасадорот Дејвид Гир го претстави ставот на Унијата, согласно кој, внесувањето на Бугарите во Уставот на РМ е само првото и моментално барања кон Македонија, додавајќи дека допрва пред земјата ќе се поставуваат нови барања и услови.
Со слични вакви изјави минатата недела излегоа и министрите на Австрија, Чешка и Словачка по вчерашните средби со претставниците на Владата, и „строењето“ на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. По што чешкиот Министер го потврди ставот, согласно кој, ЕУ не гарантира дека Бугарија нема да поставува нови барања и услови за Македонија.
Несомнено е дека надреалната реторика на квислингшката власт служи само за замајување на јавноста, додека позади сето ова стои уште едно национално велепредавство, кое спроведувајќи ја „Софиската платформа“, цели кон бугаризаја на Македонија.
Македонија не може и не смее повеќе да го толерира потценувачкиот однос од Бугарија што ЕУ го дозволува и претставува како вредност. Неопходно е водење надворешна политика која ги заштитува националните и државни интереси.
Левица стои на ставот дека Македонија треба да ги прекине секој вид на односи со Бугарија кои го задираат националниот идентитет на државата! Евро-интеграциските процеси треба да продолжат исклучително преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде ќе бидеме третирани еднакво како и останатите земји кои станале дел од европското семејство.