Закани до Претседателот на Црвена Младина – Јанески им одговори
Петседателот на Советот на општина Чаир и член на Огнената група, Јетмир Асан, му се закани на Марио Јанески, претседателот на Црвена Младина на Левица, поради тоа што во преименуваниот парк кој беше посветен на борците од НОБ ја постави налепнивата АСНОМ.
„Морам да ти кажам дека ова што го правиш и мислиш дека е хероизам, со покривање на едно знаме со стикер, која што е ставена во име на слободата и жртвите на Украина , сметам дека е фашисиштички акт.
Но исто така сакам да ти кажам дека друг пат кога ке доагаш во Општина Чаир, јави ми се да те чекам како што треба да се почека еден гостин од друг град, пошто не сакам да ти се случи нешто, пошто знаеш: Чаир“ – напиша Јетмир Асан во заканата до Марио, на што тој одговори:
Бидејќи градоначалникот на Општина Чаир, Visar Ganiu не нарече вандали, и поставувањето на самолеплив постер со име кое симболизира соживот помеѓу Македонците и Албанците – „АСНОМ” го нарече вандализам, малку сум збунет што претставува за него вандализам со оглед на тоа што ретко сум видел градоначалникот да осудува вандализам, па одлучив јавно да му поставам неколку прашања. Градоначалниче,
-Дали масакрот кај Карпалак претсавува за вас вандализам или не?
-Дали масакрот Вејце за вас претставува вандализам или не?
-Дали масакрот кај Љуботенските бачила за вас претставува вандализам или не?
-Дали рушењето на музејот на Црквата на Kале во 2011 за вас претставува вандализам?
-Дали пиштолот на Цуфи Кока на протестите против бугаризацијата за вас претставува вандализам или не?
-Дали палење на учебници по географија за вас претставува вандализам или не?
-Дали вадење на знамиња од други држави незаконски за вас претставува вандализам или не?
-Дали протестирањето за ослободување на затворениците од Диво Насеље за вас претставува вандлизам или не?
-Дали интонирање на туѓа химна во Собранието на Република Македонија за вас претставува вандализам или не?
-Дали вадењето на биста од Вељко Влаховиќ за вас претставува вандализам или не?
-Дали кршењето на сите бисти на партизаните од страна на ПЛАТЕНИ БУГАРОФИЛИ за вас претставува вандализам или не?
Или можеби сите овие примери се примери кои симболизираат она што наводно Паркот Украина велите дека го симболизира? Не знам, еве одговорете.
Аха, и ќе заборавев. Ако случајно налеташ на Jetmir Asani, претседателот на Совет во Општина Чаир, кажи му дека АСНОМ не е фашизам туку симбол на државноста и Македонија во која тој се образувал и живее. Не за друго, да не му се случи нешто, оти знаеш: МАКЕДОНИЈА.