Апасиев: Му летнало пилето на Таче

На вчерашната владина прослава во Куманово по повод празникот 11-ти октомври, Денот на востанието на Македонија, Премиерот Димитар Ковачевски се обрати со говор до присутните и јавноста.

Очекувано од актуелниот премиер, говорот кој требаше да биде посветен на оние кои ги дадоа животите за слобода во борба со бугарскиот и германскиот фашистички окупатор, го претвори во политички говор на СДСМ, каде се зборуваше за европски и НАТО вредности.

Во еден момент од својот еуфундаменталистички говор, Ковачевски зборувајќи за делото на партизаните кажа дека тие се бореле за ЕУ и НАТО. По ваквата бесмислица следуваше реакција од Димитар Апасиев, кој на својот фејсбук профил кратко напиша:

Му летнало пилето на Таче: “Партизаните се бореле за ЕУ и НАТО”