Мојсоска: Се молат господата амбасадори да не глумат „изненаџени и увреџени“
По објавувањето на веста дека на седница на Советот на јавни обвинители во Вишото Јавно обвинителство е избран Артан Ајро многубројни се ракциите за неговиот избор.
За неговиот избор се огласи и Јована Мојсоска од политичката партија „Левица“ која на својот Фејсбук профил посочува повеќе причини поради кои изборот на Ајро во Вишото обвинителство е „дискутабилен“.
– Да му го честитаме унапредувањето на господинот Артан АЈРО во Вишото јавно обвинителство – уште еден во низата чесни кадри на ,,Нашата земја”
Дел од неговите блескави успеси:
– неговиот брат Дритан АЈРО станува началник на МВР Струга додека е осуден на условна казна затвор;
– неговата сопруга Елеонора Ајро е судијка во Управниот суд за што ДКСК има отворено предмет (иако ја поминала обуката на Академијата за јавни обвинители и судии, сопругата на обвинителот Ајро ниту станува судија, ниту обвинител, ниту пак ги враќа трошоците за обуката од 200.000 евра);
– семејството АЈРО преку сомнителна денационализација се стекнало со 1,8 декари атрактивно земјиште во Струга;
– против Артан АЈРО беше поднесена кривична пријава од Државното правобранителство за случајот со Сеад Кочан поради малверзации при конфискација на имотот, со што била оштетена државата.
Се молат господата амбасадори да не глумат “изненаџени и увреџени”, кога токму тие од ДУИ направија бели мечки кои неказнето владеат 20 години – напиша Мојсоска на Фејсбук.