Јакимовски вешташки го одржува во живот ДУП-от на Фатмир Етеми – прес на Бранко Ристов, претседател на Советот на Општина Карпош
- Пресконференција на Бранко Ристов – Претседател на Совет на Општина Карпош од Политичката Партија Левица
“Почитувани карпошани,
Денес истече рокот за потпишување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Карпош на 05.07.2023.
Одлуките не беа изработени од страна на службите на општината со што повторно се прави обид за исклучување на Советот од работата на општината. Со овој чин вештачки се држи во живот ДУП нарачан и нацртан за потребите на Фатмир Адеми и неговата фирма ЗСФ.
Дуп со никаква поддршка од граѓаните ниту од нивните претставници во советот
Сакам оваа прилика да ја искористам да им се заблагодарам на граѓаните за нивната ревносна борба со која кренаа толку галама што дури и партиите како СДСМ и ДПМНЕ кои историски стоеле на страна на урбанистичката мафија се спремни да застанат заедно со нас против овој ДУП.
Апелирам до градоначалникот и општинската администрација да ја верификуваме заедно вољата на нашите сограѓани. Да падне конечно овој ДУП со што ќе се отвори простор за носење нов направен согласно интересите и потребите на граѓаните.“