На денешен ден бугарските фашистички војници стрелале осум македонски партизани

  • Фејсбук статус на Мартин Димоски – Советник од Левица во Општина Карпош.

Нешто што наскоро нема да се чита во историските читанки, затоа што истото некои (читај: предавници) го договориле меѓу четири ѕидови. На денешен ден 1944 година бугарски фашистички војници со стрелање убиле 8 македонски партизани.

Овој настан се случил во 1944 година кога кај Барбарас (Македонски Брод) биле стрелани: Нико Пусоски (33), Серафим Китаноски (28), Киро Настески (29), Мирка Настеска (26), Василе Николоски (30) и Стојан Божиновски (32). Откако биле стрелани, дел од нив биле и обезглавени.

Два месеци подоцна, бугарските фашистички окупациони сили во близина на Штип стрелале 12 младинци од Куманово и Кратово и по еден од Словенија и Хрватска.


Да не се заборави! Да не се повтори!