Претседателот на Левица во посета на локалниот огранок во Гази Баба
- Соопштение на ЛО Левица Гази Баба
Поради се поголемиот наплив на ново членство, вечерва, со почеток од 20 часот беше остварена најавената посета на канцеларијата на ЛО Левица – Гази Баба од страна на претседателот на партијата, Димитар Апасиев, како и видни членови од Президиумот и други истакнати наши членови. Исто така, во нашата канцеларија пристапија и граѓаните од сите населени места во општината.
Посетата помина во одлична, позитивна атмосфера, со плодна дискусија во поглед на понатамошните чекори кои што ќе бидат превземени од страна на локалниот огранок. Се чувствува огромно незадоволство и револт и на територијата на Гази Баба.
На средбата се зборуваше за локални проблеми, но, и за предизвиците кои се пред нас во поглед на парламентарните избори и задачите кои Локалниот огранок ќе ги преземе за мобилизација на народот и артикулација на неговиот глас низ нашите пратеници.
Ќе победиме!