АктуелноЕУИнтернационално

Граѓаните не веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ

Евроскептицизмот во Македонија расте а Граѓаните се помалку веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ. Овој податок го потврди Третиот дел од анкетата спроведена од маркет вижн, согласно чии резултати 49, 9 % од испитаниците сметаат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ, а над 54% се против промените во Уставот.

Само 16,4% од испитаниците се согласуваат со внесување на бугарите во Уставот, а уставни измени дури и со гаранции за македонскиот јазик и идентитет не би поддржале 45,9%. За промена на Уставот со вакви гаранции се согласуваат 34.3%.

Две третини од граѓаните кои веруваат дека Македонија ќе стане дел од Европската Унија , сметаат дека тоа ќе се случи во следните 10 години, а 24,6% мислат дека ќе треба и повеќе од 10 години.

Граѓаните не ја сметаат за значителна финансиската и институционалната помош која ја добиваме од ЕУ и САД. Само 16,6% од испитаниците сметаат дека значајна е помошта од ЕУ. Нешто сличен е процентот за помош од САД, односно само 17,9 % од испитаниците сметаат дека помошта која ја добиваме од САД е значителна.

Анкетата ги покажа и најголемите проблеми за граѓаните. Сиромаштијата, криминалот и корупцијата се на врвот. 43 отсто од испитаниците сметаат дека најголем проблем е економијата, а дури 80% од граѓаните сметаат дека корупцијата е зголемена во однос на мината година.

Анкетата беше спроведено од 5 до 16 јуни спо пат на телефонско анкетирање со на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%.